Палестинскиот претседател Махмуд Абас вечерва го отповика палестинскиот претставник во Вашингтон, како реакција на преместувањето на Американската амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

Како што соопшти главниот палестински преговарач Саеб Ерекат, претсавникот на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) во Вашингтон, Хусам Зомлот веќе ги напуштил САД.

Информацијата ја потврди и Министерството за надворешни работи на Палестинската автономна управа, кое нагласи дека причина за ваквиот потег е преселувањето на Амбасадата на САД во Ерусалим.