Палестински музичари одржаа концерт во уништениот дел на Газа, како алтернатива на „Евросонг“, кој моменатално се одржува во Тел Авив.

Палестинскиот настан се одржа на урнатините од згради и други објекти, кои израелските авиони ги уништија за време на неодамнешните ескалации на судирте меѓу израелските војници и палестинските милитанти во Газа.

– Евровизискиот фестивал чиј домаќин е Израел е само димна завеса за бруталното кршење на правата на Палестинците – рекол еден од организаторите, Камел Мусалам, кој додал дека Израел сака да го измами светот и да покаже дека е мирољубива земја.

Палестинските милитанти пред речиси една недела испалија околу 700 проектили кон Израел, убивајќи четворица цивили. Во израелскиот противнапад загинаа 25 Палестинци, од кои десет цивили.