Од полицијата во Флорида вчера соопштија дека по ураганот „Доријан“ случаен минувач на плажата Мелбурн забележал необичен пакет.

Вчераутро околу осум часот на градската плажа Мелбурн, еден љубител на сурфањето забележал пакет со натпис „динамит“ на шпански јазик. Станувало збор за еден килограм кокаин, соопшти локалната полиција.

Портпаролката Шерил Мол изјави дека „офицер кој бил на должност бил известен за сомнителниот пакет“. На местото веднаш била повикана локалната полиција за да го конфискува пакетот. Полицијата соопшти дека добила известувања за други пакети со кокаин исфрлени на брегот на градот Бревард по ураганот „Доријан“.

Пакетот со кокаин беше запечатен откако беше пронајден на плажата Мелбурн. Полицијата вети дека ќе го уништи пакетот иако сè уште не ја процени неговата вредност, кој обично се смета дека изнесува илјадници долари на црниот пазар.