Романските пратеници ја соборија социјалдемократската влада на премиерката Виорика Данчила, отворајќи го патот за формирање преодна влада до парламентарните избори, кон крајот на 2020 година.

– Ја запревме Социјалдемократската партија да не и наштети на Романија – рече Лудовик Орбан, лидер на опозициската Либерална партија, кој го водеше гласањето за недоверба.

Агенцијата „Ројтерс“ пренесува дека 238 пратеници гласале за соборување на владата, од потребните 233 гласови.