Австрискиот парламент изгласа недоверба на преодната Влада на канцеларот Себастијан Курц, кој стана канцелар со најкус мандат. Курц влезе во историските анали како канцелар кој бил најкратко на функцијата, со тоа што денеска е 525 дена на местото шеф на Владата, пократко дури и од Кристијан Керн, кој моментално држи рекорд со 580 денови.

Исто така и новиот министер во преодната Влада, ќе биде запаметен како министер со најкретко време поминато на власт во повоената историја на Австрија.

Министрите Екарт Рац, Валтер Пелтнер, Јохан Луиф и Валери Хакле со денешниот ден, биле на функција пет дена. Тие го надминаа поранешниот министер за правда Михаел Кригер, кој на чело на својот ресор помина 25 дена.

Се очекува дека претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен, да го замоли актуелниот кабинет да остане на должност неколку дена, додека не даде мандат на некој друг за формирање нова Влада.