Фото: Илустрација

Четиринаесет морнари загинаа во пожар во руска подморница.

Kако што јави Би-би-си, тие се затруле од отровните гасови кога подморницата била зафатена од пожар. Екипажот успеал да гo изгасне огнот во заедничка акција, со што била спречена поголема катастрофа.

Подморницата спроведувала воен надзор во руските територијални води и во моментот на несреќата се наоѓала во близина на границата со Финска, во главната база на руската Северна флота.