Голема статуа на командантот Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски воздушен напад минатиот месец, е поставена во јужен Либан, во близина на границата со Израел.

Статуата на командантот на елитната единица Кудс во селото Марун ал Рас ја поставиле членови на шиитската екстремистичка организација Хезболах која има поддршка од Иран.

Статуата се наоѓа на врвот на споменикот направен да биде дел од таканаречениот „музеј на отпорот“.

Испружената рака на Сулејмани покажува кон израел, што се смета за алузија на планот на Хезболах за преземање на контролата врз северниот израелски регион Галилеја и клучната улога на единицата Кудс во подготовката на организацијата за потенцијален конфликт со Израел, јавуваат израелските медиуми.

Сулејмани командуваше со единицата Кудс на Иранската исламска револуционерна гарда и ги надгледуваше иранските воени операции во Ирак и Сирија.

Тој и уште осум други луѓе беа убиени на 3 јануари во напад со дрон во близина на меѓународниот аеродром во Бадгад.