Пентагон официјално ги откажа големите воени вежби на САД со Јужна Кореја закажани за август, спроведувајќи ја мерката што веќе ја најави американскиот претседател Доналд Трамп по минатонеделниот самит со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун. Трамп во Сингапур рече дека САД ги суспендираат „воените игри“ со Јужна Кореја зашто САД ги „чинат многу пари“ и бидејќи се „многу провокативни“ за Северна Кореја, која вежбите ги смета за генерална проба за евентуална американска инвазија на државата, јави „Гардијан“.
Од Пентагон велат дека е прекинато планирањето на августовските вежби, но дека засега не е донесена одлука за другите воени вежби со Јужна Кореја.