Според анонимната дојава, телото на Емануела Орланди е закопано во еден од гробовите посочени од ангел на Тевтонските гробишта

Ватикан денес нареди да се отворат две гробници со цел да се открие дали телото на исчезнатата Емануела Орланди е закопано во една од нив. Според анонимна дојава, телото на Орланди, која е исчезната од 1983 година, треба да биде во една од гробниците посочени од ангел на Тевтонските гробишта, пренесува „Ројтерс“.

Но, за жал, по отворањето на гробниците не беа откриени останките на исчезнатата девојка, ниту пак коските на две принцези кои биле погребани таму во 19 век.

Орланди, ќерка на на истакнат работник во Институтот за религиски дела, последен пат била видена за време на часовите по музика од кои не се вратила. Нејзиното исчезнување со години е мета на шпекулации во италијанските медиуми.

Ексхумацијата започна утрово по утрешната молитва на Тевтонските гробишта, кои се наоѓаат веднаш до базиликата на Свети Петар. На нив се закопани телата на членовите на швајцарската гарда, како и црковни личности и благородници од германско и австриско потекло.

– По отворањето на гробниците не најдовме никакви човечки останки. Еден од гробовите води до голема празна просторија, а во гробот на другата не најдовме никакви човечки остатоц. – изјави портпаролот на Ватикан, Алесандро Гизоти.

Исчезнувањето на Орланди ја разгневи италијанската јавност и создаде многу теории на заговор, а вината беше посочена од членовите на мафијата, па сѐ до Ватикан, како главен виновник за исчезнувањето. Честопати во случајот се посочуваше и мафијашот Енрико Де Педис, а неговиот гроб беше исто така отворен, но телото на девојката не беше таму.

Минатата година, за време на градежна работа во Ватиканската амбасада во Рим беа откриени човечки коски кои ги разгореа повторно шпекулациите. Медиумите шпекулираа дека коските припаѓааат на Орланди или на Мирела Грегори, тинејџерка која е исчезната истата година. ДНК тестовите се покажаа негативни.

Во 1983 година, полицијата не ја исклучи можноста дека Емануела Орланди можеби е киднапирана и убиена, или пак, жртва на трговијата со луѓе. Постои можноста дека таа воопшто не е поврзана на никаков начин со Ватикан.