Осум лица, од кои шест деца,  загинаа во пожар во Чикаго, соопштија денеска од пожарната служба. 

Меѓу загинатите во пожарот, кој избувна изутринава, има и едно бебе. 

Причината за пожарот засега не е утврдена.


 

Пожарникарите беа повикани околу 4 часот утрово во кавртот Литл вилиџ во Чикаго, каде што пожар зафати трикатна зграда, а жртвите беа пронајдени на вториот кат.