Вкупно осум војници загинаа во напад на талибански милитанти врз воена станица во западниот дел на Авганистан, во областа Бала Булук.

Како што јави агенцијата Анадолија, заменик-претседателот на областа Фарах, Дадулах Кани соопшти дека талибанските милитанти ја нападнале воената станица во местото Аб Хурма во подрачјето Бала Булук.

Во нападот животот го загубија осум војници, а десетмина биле заробени од страна на милитантите.

Талибанската страна во соопштението тврди дека по нападот е воспоставена контрола врз воената станица.