Осум новороденчиња починаа во пожар во породилно крило на болница во близина на границата со Алжир со Тунис. Пожарот избувнал околу 4 часот наутро во болницата во градот Ел Оед, на 600 километри од од главниот град, објави државниот радиодифузер ЕНТВ и националното радио.

Вкупно 11 бебиња, 107 жени и 28 вработени се спасени во пожарот, изјави портпаролот на службите за итни случаи за АФП, Насим Бернауи.

– За жал, жалиме за смртта на осум бебиња, некои починаа од изгореници, а други од вдишување чад – изјави Бернауи.

Во извештајот не се наведува дали има повредени возрасни лица. Премиерот наредил истрага, а министерот за здравство се упатил кон болницата. Според сведоците, пожарот најверојатно предизвикан од електрични искри од лошо одржувани уреди.

Министерот за здравство, Мохамед Мирауи, рече дека пожарот може да биде предизвикан од неисправно средство против комарци и вети дека истрагата ќе утврди дали тоа е причината.
Ова е втор пожар што избувна во породилиштето во Ел Оед. Пожарот што избувнал во мај 2018 година предизвикал значителна штета во зградата, но немаше повредени.