Во САД денеска се одбележуваат 18 години од терористичкиот напад извршен на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон, кога загинаа речиси 3.000 лица.

Нападите се случија кога терористи киднапираа четири авиони од кои два удрија во кулите-близначки на Менхетн, еден во Пентагон, а четвртиот се сруши во руралниот дел од Пенсилванија, бидејќи патниците пружиле отпор.

Одговорност за нападот презеде Ал каеда, чијшто лидер, Осама бин Ладен, беше убиен 10 години подоцна во Пакистан.

Во САД денот ќе биде одбележан со комеморација на која ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.