Во германскиот град Оберхаузен, во текот на ноќта е спроведена голема антитерористичка операција во која уапсени се осум луѓе, пренесува „Билд“.

Во околу 4 часот изутринава, 150 полицајци упаднале во седум куќи во сопственост на големо семејство во Оберхаузен. Се претпоставува дека се работи за терористичка ќелија.

Портпаролот на полицијата рекол дека членовите на семејството се под сомнение дека соработувале со Исламска држава и дека ја финансирале терористичката организација. Тој нагласил дека засега нема докази дека и самото семејство планирало терористички напади.

Меѓу уапсените се мажи и жени на возраст од 19 до 58 години. Седуммина од нив имаат германски пасоши, но дошле од Балканот, пишува „Билд“. Едно лице е од Босна и Херцеговина.