Братот на бомбашот самоубиец кој уби 22 лица во Манчестер во 2017 година е осуден на најмалку 55 години затвор за убиство на тие лица.

Хашем Абеди му помогнал на својот постар брат Салман во планирањето на нападот во кој беа убиени 22 лица, а стотици беа повредени, пишува Би-би-си.

Судот пресуди дека тој бил исто толку виновен колку и неговиот брат за експлозијата на бомбата во арената „Манчестер“, за време на концертот на Аријана Гранде во мај 2017 година.