Турската полиција ја пребарува шумата крај Истанбул и околината на градот на брегот на Мраморното Море за да ги открие останките на сaудискиот новинар, кој исчезна пред две седмици откако влезе во Козулатот на саудиска Арабија во Истанбул.Тоа синоќа го соопштија две турски официјални лица, кои побараа од медиумите да бидат анонимни. 

При претресот на саудискиот конзулат и резиденцијата на конзулот во Истанбул, истражителите пронајдоа „многу примероци“ и се обидуваат да најдат траги од ДНК од новинарот Џамал Кашоги, вели високопозициониран извор.

Според него, опсегот на пребарувањата е проширен откако биле утврдени маршрутите и возилата кои биле на 2 октомври пред конзулатот, вој кој Кашоги бил виден последен пат.

Можно е у бијците да го фрлиле трупот во Белградската шума во близина на Истанбул или во напуштена област околу градот Јалова, на 90 километри јужно од Истанбул, велат неименувани извори.