Медиумите во Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се појави нова снимка на која се гледа лице за кое се сомнева дека е еден од бомбашите-самоубици.

Експлозијата што ја предизвика ова лице беше една од најсмртоносните во серијата координирани напади врз Шри Ланка на Велигден.

Во експлозијата загинаа повеќе од 50 луѓе.

На снимката е прикажан човек со голем ранец кој се приближува кон црквата каде што се одржува миса, а потоа влегува во неа.

Во нападите беа убиени 321 лице, од кои 45 се деца. Повеќе од 500 лица се повредени, а речиси 400 од нив се во болници.