На 6 април 1994 година, авионот во кој се наоѓаше претседателот на Руанда, Јувенал Хабјаримана, од племето Хуту, беше соборен од ракета во близина на Кигали, главниот град на Руанда. Хуту-полицајците го искористија тоа како изговор да почнат геноцид против малцинството Тутси, при што загинаа околу 800.000 луѓе.

Еден од најбараните осомничени за геноцидот во Руанда, Фелисиен Кабуга (84), ќе дознае денеска дали ќе биде вратен во Африка за да се соочи со судење. Адвокатите на Кабуга, кој беше уапсен во Париз минатиот месец, бараат од обвинителите да му се суди во Франција.

Американскиот Стејт департмент понуди награда од 5 милиони американски долари за лица кои ќе обезбедат информации што ќе доведат до апсење, трансфер или осуда на Кабуга, богат бизнисмен кој го финансираше геноцидот со увоз на 500.000 мачети.
Кабуга беше уапсен во неговиот дом во близината на Париз на 16 мај по долги години криење и бегство. Судијата во Хаг минатиот месец рече дека на Кабуга треба да му се суди во Трибуналот за воени злосторства во Аруша, Танзанија, според Механизмот за меѓународни кривични трибунали (МИЦТ).

Но, адвокатот на Кабуга, Лоран Бајон, рече дека неговиот клиент треба да биде суден во Франција поради неговата возраст и здравје и ја доведе во прашање непристрасноста на судот во Аруша.

– Ако решите да ја наметнете својата надлежност над француската јурисдикција, со што ќе го ставите во опасност животот на Фелисиен Кабуга, ние ќе ризикуваме да се откажеме од вистината, засекогаш – Бајон им напиша на обвинителите на МИЦТ.

Апелациониот суд во Париз денеска ќе донесе одлука за валидноста на налогот за апсење за Кабуга.

По соборувањето на авионот на Хабјаримана во 1994 година, Кабуга, наводно, помогнал во формирањето на озлогласената милиција Интертахамве, која масакрираше десетици илјади Тутси и наводно ја финансирал радиотелевизијата „Либре де Мил Колин“ што објавуваше пропаганда во кои Тутсите се нарекувале „инјензи“ (лебарки).

Околу милион луѓе беа заклани во текот на 100 дена пред бунтовниците на РТФ, предводени од Тутсите на Пол Кагаме, да ја соборат владата. Кагаме остана претседател на Руанда.
По геноцидот, Кабуга избегал во Швајцарија, но беше протеран пред да се дознае неговата важност. Тој пристигна во Киншаса и на крајот се упати кон Кенија. Во 1997 година, тој избега кога беа уапсени неколку други лидери на протераните Хуту.

Кабуга беше обвинет по седум обвиненија, вклучително и за геноцид, од страна на Меѓународниот кривичен трибунал на ОН за Руанда во 1997 година.

Во 2002 година, Кабуга за малку ќе беше уапсен. Еден доушник организирал состанок со него во Најроби, но тој сфатил дека станува збор за стапица и избегал. Доушникот подоцна беше убиен. Во 2007 година германските власти биле блиску до негово апсење во Франкфурт.

Не се знае колку време Кабуга се криел во Франција, која е дом и на вдовицата на претседателот Хабјаримана, Агата, која исто така е обвинета за поттикнување геноцид. Франција отсекогаш одбивала да ја екстрадира г-ѓа Хабјаримана.

​Минатата година д-р Фил Кларк, специјалист за Руанда од Школата за ориентални и африкански студии, изјави дека Руанда ја обвинува Франција дека ги поддржувала етничките Хуту милиции и Интерхамве.

– Франција имаше многу блиски односи со владата на Хабјаримана, што доведе до геноцид. Тој се сметаше за миленик на Франција поради неговата поддршка за влијанието на Франција во централна Африка. Франција го сметаше Хабјаримана за клучен за одржување на франкофонското влијание и стопирање на агресијата на англофонијата на РПФ.

Тие го сметаа РПФ за заговор на Велика Британија и САД за проширување на влијанието на анголофоните во Африка. Обвинението од Руанда е дека Франција била директно вклучена во обуката на милициите Интерхамаве – рече д-р Кларк.