Холандските обвинители ќе го обвинат осомничениот за нападот во трамвај во Утрехт за „убиства со терористички намери”.

Ообвинетиот Ѓокмен Танис утре ќе се појави пред судија.

-Осомничениот кој е на возраст од 37 години, ќе се појави пред судија в петок, под обвиненија за повеќе убиства со терористички намери, како и обид за убиство и терористичка закана – се вели во изјавата на Јавното обвинителство.

Исто така, осомничениот ќе треба да мине и психолошка проверка.