За базиликата Свети Марко во Венеција ќе бидат потребни милиони евра за реставрација, откако неделава беше поплавена по шести пат во 1.200 години, изјави нејзиниот кустос.

Свети Марко е најпознатиот објект во мноштвото споменици кои беа загрозени од најтешките поплави регистрирани во Венеција од 1872 година досега. Експертите стравуваат од корозивните кристали на солта кои кога се повлекуваат поплавите можат да го разјадат мермерниот под и мозаиците и да ја ослабнат криптата што го поддржува телото на црквата.

Венеција претрпе штета од стотици милиони евра во поплавите што го погодија градот изминативе денови.

Осигурителните компании соопштија дека нема да даваат отштета затоа што одбиваат да обезбедат покриеност од поплави во град каде што тоа е редовна појава.