Хуан Гваидо работи од канцеларија која воглавно е празна, а во неа се наоѓаат неколку каучи, дотраени столчиња и валкан тепих, објавува американското радио „Ен-пи-ар“, кое разговараше со венецуелскиот опозициски лидер за време на паузата на преговорите во Норвешка.

Никој не се обидува да ја подобри состојбата на кабинетот, бидејќи Гваидо е во постојано движење. Тој ги помина последните пет месеци селејќи се помеѓу безбедни куќи и отстапени канцеларии за да ги избегне државните агенти кои веќе уапсија десетици припадници на опозицијата. 

Седнат зад бирото на кое има чаша вода, Гваидо делува изморен. Неговите очи се закрвавени. Тој се соочува со бројни предизвици, во кои спаѓаат и преговорите во Норвешка помеѓу опозицијата и власта во Венецуела (завршија без договор).

Тешкотиите со кои се соочува, сепак, не го поколебаа Гваидо во неговата борба за преземање на власта во Венецуела. 

– Не смееме да имаме страв во обидите за одржување на надежите за подобра иднина. Стравот е главниот фактор и ние треба да изнајдеме начин за да го надминеме – кажа Гваидо во краткиот разговор.