Двајца цивили се убиени откако вооружен американски морнар пукаше во Перл Харбор, поради што базата била блокирана некое време. Напаѓачот потоа се самоубил.

Во нападот биле застрелани тројца цивили на Министерството за одбрана на САД. Двајца биле убиени на самото место, а третото лице е во стабилна состојба.

Веднаш по пукањето во базата Перл Харбор пристигнале оклопни возила, со големо присуство на безбедносните сили.

– Во базата има напаѓач, ве молиме да одите на безбедно место додека не пристигнат нови информации – пишувало во предупредувањето објавено на фејсбук-страницата на базата Перл Харбор-Хикам.

Ова не е прва американска трагедија во Перл Харбор. Во нападот на Јапонија врз американската воено-поморската база Перл Харбор на Хаваите, утрото на 7 декември 1941 година, во Втората светска војна, животот го загубија 2.345 американски војници и 57 цивили, додека ранети беа 1.247 војници и 35 цивили ранети.