Повеќемина луѓе се повредени во оружен напад во холандскиот град Утрехт изутринава, за кој полицијата ја испитува можноста оти станува збор за тероризам, пренесуваат светските медиуми.

Уште не е јасно дали имало еден или повеќемина напаѓачи кои отвориле оган во трамвај во центарот на Утрехт, според сведоците.

Подрачјето околу трамвајската станица е затворено откако надлежните служби излегле на терен, а полициски хеликоптери го надлетуваат местото на нападот. Властите соопштија оти еден или повеќемина напаѓачи се во бегство.