Најмалку две лица се ранети во пукање во средно училиште во градот Њупорт њуз, во сојузната држава Вирџинија.

Како што пренесуваат медиумите, ранети се момче и девојче на 17 години. Полицијата соопшти дека во тек е евакуација на учениците од гимназијата Херитиџ.

Учениците се префрлени на тениските терени, каде што ќе можат да се сретнат со своите родители, наведе полицијата.