Пет луѓе се ранети во оружен инцидент на натпревар во американски фудбал во Далас, соопшти полицијата.

Две жени се во критична состојба, додека двајца мажи и уште една жена се со помали повреди.

Напаѓачот влегол на теренот со мопед и почнал да пука кон публиката додека траел натпреварот. Полицијата соопшти дека неколку луѓе од публиката возвратиле со огнено оружје.

Сè уште не е познато дали меѓу повредените е и напаѓачот.