Десет луѓе, меѓу кои имало и деца се ранети ноќеска во оружен инцидент во станбен комплекс во Сан Бернардино во Калифорнија, објави полицијата, при тоа додавајќи дека три лица се во тешка состојба.

Пукањето се случило во заедничките простории на станбениот комплекс, во кој има околу 100 станови, а каде што ноќеска имало собрано луѓе.

Полицијата ниту денеска нема осомничен за пукањето, како ни мотив за нападот.

На местотот на настанот не било пронајдено оружје.