Оркански ветер го погоди Крим, а најмалку пет лица се повредени при паѓање на дрвја, соопштија агенциите.

Силниот ветер оштетил автомобили и покриви на куќи, а евидентирани се 65 сообраќајни несреќи поврзани со паѓање на дрвја, соопшти републичкото Министерство за вонредни состојби.

Во невремето потонале две јахти, а оштетени се пет брода.