Со заедничка акција на британските и романските власти, денеска е разбиена организирана криминална група која била вклучена во измама со билети за железница.

Истовремено извршени се претреси на повеќе адреси во Велика Британија и Романија, а како резултат од акцијата, 16 лица се уапсени во Лондон и еден во Лестер во Велика Британија, додека лидерот на оваа криминална група е уапсен во Романија, соопшти Европол.