Унгарија не може и не сака да прима мигранти што ќе бидат вратени од Германија, но е подготвена да помогне за нивно враќање во Грција, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан истакна дека позицијата на Унгарија од почетокот на мигрантска криза била „директна и искрена“, иако тоа понекогаш можеби делувало „непријатно“.

– Иста позиција имавме и во 2015 година. Балканската рута доаѓа од Грција и нема ниту еден единствен мигрант што влегол во ЕУ преку Унгарија- изјави Орбан коментирајќи го договорот меѓу партнерите во  Владата во Берлин за враќање на мигрантите што нема да добијат азил во Германија во земјите од каде дошле на германската граница.