Учесник на протести во Будимпешта истакнува транспарент на кој е прикажан Виктор Орбан со шал со боите на виножитото

Унгарскиот премиер Виктор Орбан води војна против правата на ЛГБТ-заедницата, со што ги разгневи другите земји-членки на ЕУ, пишува „Политико“.

Новите законски измени во Унгарија кои го забрануваат „промовирањето хомосексуалност кај малолетните лица“ предизвикаа незадоволство и на завчерашниот самит на ЕУ, откако 16 земји-членки ја поддржаа изјавата со која се осудува потегот на Будимпешта и со која се бара Европската комисија да реагира.

Немирот предизвикана од законските измени во Унгарија се прошири и подалеку од министерскиот состанокт во ЕУ. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен исто така го осуди унгарскиот закон, а контроверзиите стигнаа и до фудбалскиот свет. Европската фудбалска унија (УЕФА) исто така се најде во центарот на вниманието по одлуката да го одбие барањето од властите во Минхен да ја осветлат арената „Алијанц“ во боите на виножитото за време на мечот од европското првенство помеѓу Германија и Унгарија (2-2) одигран синоќа. Германците го образложија барањето како „знак за толеранција и космополитизам“, но и како порака до Орбан, за кој е познато дека е љубител на фудбалот.

Орбан, кого го очекуваат избори в година, веројантно нема претрпи политички последици од оваа ситуација, наспроти критиките од ЕУ. „Политико“ дури смета дека унгарската влада го прифатила конфликтот со ЕУ во врска со ЛГБТ-правата, посочувајќи го жестокото бранење на законот од страна на унгарската министерка за правда Џудит Варга, на средбата каде што дел од присутните министри се декларирани хомосексуалци.

Дискусијата за владеењето на правото во Унгарија, одржана завчера, беше во рамките на процесот за членот 7 што претставува дисциплинска процедура покрената пред речиси три години, која досега не даде конкретни резултати.