Унгарија одби да прифати илегални мигранти за време на кризата во 2015 година и тоа беше единственото разумно однесување за одбрана на земјата и нејзините граѓани, рече премиерот Виктор Орбан, пренесуваат унгарските агенции.

– Со ваквото одбивање Будимпешта се спротивстави на повеќето земји од Европската Унија, кои одлучија да ги отворат своите граници и наводно отворија ново поглавје во нивната историја нарекувајќи го ново општество – додава тој.

Според него, тоа е „постхристијански и постнационален режим“.

– Не постои начин да се знае дали исходот ќе биде добар или лош, но мислам дека е многу ризично. Секоја нација има право да го преземе тој ризик или да го одбие. Ние Унгарците одлучивме да не го преземаме тој ризик – изјави Орбан.

Според него, Унгарија има право да носи такви одлуки, пренесуват агенциите.

– Ова е нашата земја, ова се нашите луѓе, историја, јазик и ние мора да ги заштитиме. Се разбира, ако некој е во неволја и Унгарците се најблиску до вас, се разбира дека ќе помогнеме, но влегувањето во земјата без дозволи не е основно човеково право – рече тој.

Според него, таквата одлука во основа била причината за остриот напад против Унгарија и затоа што неговата лична репутација е многу лоша, а Унгарија, како што вели, била третирана како црна овца на Европската Унија.

Во врска со неодамнешната изјава на Џо Бајден дека Орбан е тотален насилник, унгарскиот премиер вели дека со таа изјава американскиот претседател лично го навредил унгарскиот народ, но бидејќи тој е претседател на САД, дека Унгарците мора да бидат скромни и полни со почит кон претседателот, но и дека треба да се разјасни дека она што е кажано е навредливо.