Прелиминарната анализа на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) покажа дека во нападот во сирискиот град Дума во април, бил користен хлор, но нема докази дека бил употребен нервен агенс.

Нападот, во кој беа убиени десетици цивили, беше повод за воздушните напади на Велика Британија, Франција и САД врз позиции на сириските владини сили.

ОПЦВ испрати своите претставници во Дума кон средината на април, една недела по нападот врз оваа бунтовничка енклава во близина на Дамаск. 

– Во примероците од две локации, утврдено е дека се користени разни органска хемикалии, кои содржат хлор, меѓутоа, не е пронајден доказ за користење на нервни агенси- се вели во извештајот.