Последните објавени податоци вчера покажуваат дека трговската војна продолжува да ѝ наштетува на втората светска економија, затоа што индустриското производство опаднало во август. Американците треба да се загрижени затоа што поради ова и нивното производство ќе почне да опаѓа што може да одигра клучна улога на претседателските избори закажани за в година.

Според „Капитал економикс“, растот на кинеското индустриско производство продолжи да опаѓа и минатиот месец изнесуваше само 4,4 отсто. Падот се случи откако во јули беше забележан прв пат по 17 години пад од 4,8 отсто што беше далеку под прогнозите.

Економистите се загрижени дека падот во кинеското производство негативно ќе се одрази и на САД. Ијан Шепардсон, главен економист во „Пантеон макроекономикс“ истакнува дека „производството е во рецесија и дека тоа е резултат на цикличното забавување на Кинеската економија поради заострената трговска војна“.

Минатата недела се чинеше дека ќе има примирје во трговската војна кога Кина најави дека ќе го рестартира увозот на американски земјоделски производи, како свинско месо и соја додека Трамп најави дека ќе ја одложи следната рунда на царини до средината на октомври. Лиао Мин, заменик министерот за финансии на Кина, утре заминува во посета на САД за да го отвори патот за можни преговори во октомври.