Амбасадорите на НАТО и Русија вчера во Брисел имаа отворена дискусија на повеќе теми, вклучувајќи ја и ситуацијата околу Украина, прашањата поврзани со воените активности, реципрочната транспарентност, Авганистан и хибридните предизвици.

Овие разговори се први после последните одржани во мај и се како резултат на најновите тензии на релација Запад-Русија предизвикани откако НАТО во Норвешка ја започна најголемата воена вежба од периодот на Студената војна, а нејзините соседи Шведска и Финска се приближија кон сојузот, поради стравот предизвикан од немирите во Украина.

Годинава Русија заедно со кинеската војска во Восток мобилизираа 300.000 војници, што претставуваше најголема ваква вежба по распадот на Советскиот сојуз. Тензија се чуствуваше и во септември за време на годишната воена вежба „Восток“ кога силите на Северно-атланскиот сојуз маневрираа во близината на границата до Русија. Воените вежби редовно ги зголемуваат тензиите иако нивната цел е застрашување и демонстрација на моќ и сила.

Претседателот Доналд Трамп на 20 октомври објави дека САД ќе се повелече од Договорот за забрана на уништување и ракети со краток и среден дострел (ИНФ), потпишан во 1987 година во Вашингтон меѓу американскиот претседател Роналд Реган и советскиот претседател Михаил Горбачов.

Трамп ја обвини Русија за кршење на овој договор со континуираното производство на забрането оружје и најави дека и САД ќе започне со производство доколку Русија и Кина не склучат нов договор. Неговите тврдења за руското прекршување на Вашингтонскиот договор се засноваат на развојот на руската ракета “Новатор 9М729”, со опсег од 2.600 километри.

Британскиот министер за одбрана, Гавин Вилијамсон изјави дека Британија апсолутно го поддржува САД, додека Кина истото го оцени како „погрешен потег“. Поголем дел од европските лидери се загрижени дека уривањето на ИНФ би можело да доведе до нова, дестабилизирачка трка во вооружување.