САД играат „многу опасна игра“ во обидите да го вовлечат Иран во непотребна војна, изјави Хамид Баеидинеџад, амбасадорот на Иран во Велика Британија, јавува „Ју-ес-еј тудеј“.

Според пишувањата на медиумите, Баеидинеџад тврди дека администрацијата на Трамп направила голема грешка во проценките со истраќање на носачот на авиони и воениот персонал во Персискиот Залив, како реакција на наводни и непотврдени закани од Иран.

Амбасадорот на Иран во Британија исто така ги отфрли наводите дека неговата земја стои зад саботажата на нафтените танкери во заливот кои пловеа под знамињата на Садудиска Арабија, Норвешка и Обединетите Арапски Емирати. Вчера беше потврдено дека за онеспособување на бродовите биле искористени дронови. Иако во инцидентот немаше повредени и жртви, тој предизвика голбален и нагол раст на цените на нафтата.

Лидерот на Иран Ајатолах Али Каменеи, пак, изјави дека ниту една од двете земји не е заинтересирана за војна.

– Ова не е воена конфронтација бидејќи нема да има војна. Ниту Иран, ниту САД го сака тоа. Тие знаат дека воен судир не оди во нивен прилог – рече Каменеи.

Баеидинеџад исто така потенцираше дека од иранска песпектива, изгледа дека најблиските советници на Доналд Трамп, како што е Џон Болтон, се обидуваат да го убедат да започне воен судир, кој не оди во приог ниту на САД и на Иран, ниту пак на регионот.