Постојаниот пад на нови случаи на заболени од коронавирусот во Кина е охрабрувачки, соопшти Светската здравствена организација, но рано е да се знае дали овој тренд ќе продолжи, пренесе „Ројтерс“.

– Ние сме охрабрени од овој тренд, но не е време за самозадоволство – изјави генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адан Греберес, на брифинг во Женева.

Тој, исто така, истакна дека бројот на случаи на коронавирусот во остатокот од светот е многу мал во споредба со Кина, но додаде дека состојбата може да се промени.