Според генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, се поголема е опасноста од хуманитарна катастрофа во сириската област Идлиб, која е една од последните области под контрола на бунтовнички сили.

Преку својот портпарол, Гутереш ги повика двете завојувани страни да бидат воздржани и да ги заштитат цивилите во Идлиб. Гутереш ги повика и Русија, Иран и Турција да најдат мирно решение за состојбата во оваа област на северозападот на Сирија.

Околу три милиони луѓе живеат во Идлиб. Сириската армија и нејзините сојузници Русија и Иран најавуваат офанзива во областа. САД, Британија и Франција, пак, предупредија на опасноста дека сириските власти ќе употребат хемиско оружје во Идлиб.