Високиот комесаријат на ОН за бегалци и Меѓународната организација за миграции (МОМ) ја повикаа Европската унија да најде заедничко решение и нов пристап за мигранската криза во Средоземното Море.

Двете агенции на светската организација се обратија до земјите-членки на ЕУ да се договорат за заеднички мерки кои „драстично ќе намалат неразумна загуба на човечки животи во морето”.

-Во изминатите 10 дена сме сведоци како бродови во Средоземното Море, што носат спасени бегалци и други мигранти, не можат да впловат во пристаништа поради политички несогласувања во Европа – се вели во соопштението на високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.