Според меѓународното право, Русија е одговорна за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наведуваат во прелиминарните наоди експертите за човекови права во Обединетите нации.

– Нашиот заклучок е дека Русија е одговорна за обидот да се отруе Навални – рече на брифингот Ања Каламар, специјалниот известувач на ООН за егзекуции по скратена постапка.

Со оглед на несоодветниот одговор на домашните власти, употребата на забрането хемиско оружје и очигледна шема на насочени обиди за атентат, сметаме дека треба итно да се спроведе меѓународна истрага за да се утврдат фактите и да се разјаснат сите околности поврзани со труењето на Навални, додаде експертот на ООН.