Организацијата на Обединетите нации(ООН) во првите три месеца годинава примила 54 пријави за сексуално злоставување и експлоатација.

Пријавите се однесуваат на целиот систем на ОН, како и на невладини групи што применуваат нејзини програми.

Според Фархан Хак, заменик портпарол на ОН, 14 пријави се за однесувањето на припадници на мировните операции, 18 за службеници на агенции, фондови и програмите на ОН, а 21 се однесуваат на вработени во партнерските организации. Една пријава е против припадници на меѓународни сили, кои не се со ОН.

Хак уште додава дека пријавите се однесуваат на 66 жртви, вклучувајќи и 13 девојчиња помлади од 18 години. Возраста на 16 жртви не е позната.