Светските воздухопловни компании го поддржуваат формирањето на глобален регистар на дронови при Обединетите нации(ОН), бидејќи се загрижени заради сė поголемиот број блиски средби меѓу овие летала и патничките авиони.

Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА) ги поддржа напорите на агенцијата на ОН за воздушен сообраќај да се воспостави таков регистар, кој би можел, исто така, да помогне во следењето на бројот на инциденти во кои учествуваат дронови и авиони.

Меѓународната организација за цивилен воздушен сообраќај(ИЦАО) развива регистар во рамки на пошироките напори да се донесат заеднички правила и да се озвоможи следење на беспилотните летала.

Бројот на блиски средби меѓу дроновите и авионите во Британија е повеќе од утростручен во периодот меѓу 2015 и 2017 година. Минатата година се регистрирани 92 инцидента.

Ер Њу Зеланд минатиот месец пријавил дека авионот од Токио со 278 патници и членови на екипажот минал покрај дрон на растојание од само пет метри при слетувањето во Оукленд.

Единствениот регистар би им овозможил на властите идентификација и следење на дроновите, како и на нивните оператори и сопственици.