Светските воздухопллвни компании поддржуваат формирање глобален регистар за дронови при ОН, бидејќи се загрижени поради се поголемиот број блиски средби на тие беспилотни летала и патнички авиони, што ја загрозува безбедноста во авионскиот сообраќај.

– Меѓународното здружение за воздушен транспорт (ИАТА) ги поддржува напорите на ОН агенцијата за воздушен сообраќај да се воспостави таков регистер, што може да помогне во намалувањето на бројот на инциденти на авиони и дронови – изјави Роб Иглс, директор на ИАТА за менаџмент со инфраструктура во авионскиот сообраќај.

Бројот на блиски средби меѓу дронови и авиони во Велика Британија тројно е зголемен меѓу 2015 и 2017 година. Лани се регистрирани 92 такви инцидента. „Ер Њу Зиланд“ минатиот месец пријави дека авион од Токио со 278 патници минал покрај дрон на оддалеченост од само пет метри при слетување во Оукленд.