Од 2009 година до сега најмалку 8.000 деца се регрутирани во терористичкото движење Боко Харам во регионот на езерото Чад во Централна Африка, се вели во соопштение на Обединетите нации.

Силвестер Тунде Атере од ОН изјави дека децата кои биле регрутирани ги користеле за борбени и неборбени улоги.

-Регрутацијата и екплоатацијата имаат долготрајни ефекти врз животот на децата, се вели во изјавата.

„Денес рехабилитацијата и реинтеграцијата на овие деца е вистински предизвик, не само поради тоа во колкав број се, туку и поради интензитетот и трајноста на овие трауми“, додаваат од ОН.

ОН претходно ја обвини терористичката организација Боко Харам за силување малолетни девојчиња, како и за присилен брак.