Обединетите нации денеска соопштија денеска дека најмалку 13.000 луѓе се собрани на границата на Турција со Грција, откако Анкара соопшти дека повеќе нема да ги спречува мигрантите на турско тло да се упатат кон Европа.

Во изјавата на Организацијата на ОН за миграција се вели дека најмалку 13.000 луѓе се собрале на официјалните гранични премини Пазаркуле и Ипсала, пренесе агенцијата АП.

Стотици сириски мигранти во петокот низ северозападна Турција тргнаа кон границата со Грција и Бугарија.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу синоќа изјави дека 36.776 мигранти ја напуштиле земјата преку Едрена.