ОН и предложи на Венецуела помош во храна и здравство бидејќи државата е сериозно погодена од најтешка економска криза во историјата.

– Со акции на ОН може да се најдат дополнителни средства од помош на Светската организација која изразува подготвеност да и помогне на државата – изјави Петер Громан, координатор на ОН во Венецуела. Тој имаше средба со претседателот Николас Мадуро.

Во одговор, Мадуро побара поддршка на целиот систем за прехрана нагласувајќи дека тоа е проблем со кој Венецуела се соочува во изминатите три години.

Социјалистичката Влада во Венецуела негира постоење хуманитарна криза и ги обвинува САД за економската криза.