Обединетите нации им препорачаа денеска на своите службеници да не патуваат со авионите Боинг 737 Макс 8.

Одделот за безбедност и сигурност на ОН (УНДСС) објави соопштение во кое се наведува дека при катастрофалното уривање на авионот на компанијата „Етиопиан ерлајнс“ во неделата загинаа 21 службеник на светската организација.

Во соопштението се потсетува дека тоа е втора авионска несреќа со ист тип на авион за помалку од шест месеци.

– Додека не се утврдат причините за овие несреќи, службениците на ОН не треба да патуваат со авионите Боинг 737 Макс 8, се порачува во соопштението на светската организација.