Секое четврто дете во светот, односно 25 отсто или околу 535 милиони деца, живеат во држави погодени од конфликт или природни катастрофи, соопшти Хенриета Форе, директорка на УНИЦЕФ.

Таа бројка е „речиси несфатлива“, рече таа на состанокот на Советот за безбедност на ОН.

Форе истакна дека се најзагрозени децата и младите чии животи се на удар на судири, вклучувајќи ги и оние кои живеат во Јемен, Мали и Јужен Судан.

Американската амбасадорка Ники Хејли нагласи дека „повеќе од 60 отсто луѓе во земјите погодени од судири се помлади од 25 години“.

Таа укажа дека во земја, како што е Авганистан, цела генерација на деца никогаш не живеела во мир.

Хејли го истакна значењето на образованието како „начин да се опоравиме од судири и да ги спречиме конфликтите во иднина“.