Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права го осуди Изреал поради употреба на „незаконска и смртоносна прекумерна сила“ врз учесниците на минатогодишните протести во Појасот Газа, кога беа убиени 189 Палестинци, а ранети повеќе од 6.100 лица и повика сторителите на насилството да се соочат со правни последици за своите дела.

На форумот на ОН во Женева се усвои Резолуција за одговорност, која ја предложи Пакистан во име на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ). Европските држави гласаа различно, а САД не сакаа да учествуваат во гласањето.

Резолуцијата е заснована на извештај на ОН, во кој се наведува дека израелската војска на минатогодишните протести, кога беа убиени 189 лица, а ранети повеќе од 6.100, можеби сторила воени злосторства и злосторства против човештвото.