Истражителите од Советот за безбедност во Обединетите нации соопштија дека пронашле докази за воени злосторства во Сирија, кои ги извршиле речиси сите страни во судирите за време на втората половина од минатата година и во јануари оваа година.

Тие откриле воени злосторства извршени од руските сили, трупите на сириската влада, припадници на огранок на Ал каеда и сириски бунтовници кои се поддржани од Турција.

Истражната комисија за Сирија го следи и бележи кршењето на човековите права откако започна војната во Сирија во 2011 година. Тие објавија налози во својот 19. редовен извештај, кој овој пат го опфаќа периодот од 11 јули лани до 10 јануари оваа година.
Членовите на комисијата, на чело со бразилскиот адвокат Пауло Пинхеир, изјавија дека сириските жени, деца и други цивили се соочуваат со невидени болки и закани. Според наведеното, комисијата верува дека руски авиони биле вмешани во најмалку два удари на преполн пазар во јули и на центар за раселени лица во август.

– Во двата случаи, руските воздухопловни сили не ги насочиле нападите на одредени воени цели, што претставува воено злосторство извршено со неселективни напади на цивилни подрачја – соопшти комисијата, повикувајќи се на сведочења на очевидци, видеоснимки, податоци, извештаи на набљудувачки летови, пресретнување на комуникации за лет и извештаи за воени предупредувања.

Советот за човекови права утврди дека Сириската национална армија, која ја поддржува Турција, можеби извршила воени злосторства со убиство на сириско-курдската политичарка Хеврин Калаф, на 12 октомври.