Лидерот на социјалдемократите, Олаф Шолц, објави дека постигнал договор за преземање на функцијата германски канцелар, пренесува АФП. Тој рече дека утре почнуваат преговорите со Партијата на зелените и либералите за формирање нова влада.

СПД утре ќе почне разговори со зелените и со Партијата на слободата (ФДП), со кои може да формира мнозинска влада.

„Граѓаните ѝ дадоа наредба на СПД да формира влада, а наше е да го сфатиме тоа“, нагласи Шолц.
Тој посочи дека станува збор за напредок на Германија, дека новата влада мора да спроведе економска и индустриска модернизација и дека ја интензивира својата борба против климатските промени.

„За тоа ќе разговараме“, објави Шолц.

Разговорите ќе се одржат утре од 11 до 17 часот во „Сити тјуб“ на саемот во Берлин, објави СПД.

Доколку овие три страни постигнат договор, Германија, по 16 години владеење на Ангела Меркел, повторно ќе добие социјалдемократска влада.